Американските федерални резерви по петти пат оваа година одлучија да не ја променат среднорочната каматна стапка, и покрај постојаните повици од претседателот Трамп да го направат тоа. Со синоќешната одлука ја задржаа на исто ниво од 4,3 проценти и краткорочната каматна стапка.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел изјави и дека царините кои Трамп ги воведе во април, започнале да ја зголемуваат инфлацијата, додавајќи дека ќе биде потребно време да се утврди дали зголемувањето на цените е краткорочен ефект или нешто поистрајно.
