Вести Македонија Топ вести

Нов рекорд- 17 кандидати за нов Народен правобранител

Собраниската комисија за избори и именувања за утре ја закажа седницата на која ќе треба да избере кандидат за нов народен правобранител по заминувањето на Насер Зибери на половина мандат поради исполнување на условите за старосна пензија.

Претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски ни рече дека според досегашните информации вкупно 16 кандидати се пријавиле за функцијата. Сајкоски ни рече дека прво ќе се проверат биографиите на кандидатите за да се утврди колку од нив ги исполнуваат условите по што комисијата ќе пристапи кон избор. Доколку биде утврден предлогот за народен правобранител ќе побара итна собраниска седница уште истиот ден за да се финализира изборот.

За избор на народен правобранител потребно е квалификувано мнозинство односно најмалку 61 пратеник да гласа за кандидатот, но потребно е и бадинтерово мнозинство односно најмалку 20  од вкупно 39 пратеници од етничките заедници треба да го поддржат и гласаат за предложениот кандидат за нов правобранител. Во делот со бадинтерово мнозинство, владеачката коалиција нема нема мнозинство односно има само 14 пратеници додека мнозинството од 21 пратеник  го има Европскиот фронт заедно со Алијансата за Албанците на Таравар.

Од Собранието ни потврдија дека во текот на денешниот ден е примена уште една 17-та кандидатура за нов омбудсман. Според досегашните сознанија меѓу кандидатите е и актуелниот заменик народен правобранител кој со овластување од пензионираниот Зибери ја извршува функција, како и уште двајца заменици-правобранители, поранешен државен секретар во Министерството за правда, член на комисијата за помилување на претседателката Силјановска и  еден вработен во кабинетот на спикерот Африм Гаши.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Петровска: Платите во Армијата и во МО не се зголемени две години – Мисајловски: Ќе растат во наредниот период

Sasko Dimovski

Oбвинувања за предавство, закани со затвор и опсесија со голи функционери – пратенички прашања во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе