Вести Економија Топ вести

СДСМ: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите!

Опозициската СДСМ обвинува дека Владата со одлуката за линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари, прави грабеж врз пензионерите. Тврдат дека со ова тие ќе добијат помалку отколку што би им следувало со редовното законско усогласување.

Според опозициската партија со ваквиот пристап се нарушува принципот на правичност, а дополнително се продлабочува и дефицитот на пензискиот фонд.

СДСМ бараме Владата веднаш да го повлече овој предлог и да им ги врати на пензионерите парите што им следуваат, правично и согласно законот.

  • Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%. Што значи тоа? За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување. Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000. И така редоследно секој пензионер губи од пензијата. Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон. Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото, реле Јована Тренчовска од СДСМ на денешната прес – конференција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе