Вести Економија Топ вести

Наместо една Мицкоски сака пет потрошувачки кошнички, ССМ бара итно зголемување на платите и мерки за цени

Повторно скок на основните трошоци за живот. Синдикатот со апел минималната плата веднаш да се зголеми. Нивните пресметки покажуваат дека во јули кошничка е потешка за 630 денари,  во споредба со претходниот месец. На едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потребни над 65 илјади или над 80 илјади денари ако се вклучи и кирија за стан.

Според, анализата на ССМ од април до сега, само храната и пијалаците поскапеле за над 10 отсто.

Бараат државата да почне со преговори за повисока минималната плата, но и да се воведат мерки. Велат дека бројките од кошничката се доволен показател дека треба веднаш да се делува.

Животот во Македонија станува се поскап, а платите се недоволни за овозможување на најосновните услови за достоинствен живот и затоа е потребно зголемување на минималната плата и на сите останати плати во државата, изјави Светланат Димовски

Премиерот Мицкоски конкретно не одговори дали и кога би можело да се донесат мерки со кои би се држеле цените под контрола, но смета дека наместо една треба да има пет кошнички, за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство,  и за пензионери со образложение дека сите имаат различни потреби. Овој предлог ќе биде разгледан и на новата средба помеѓу владата, синдикатите и работодавачите која се очекува да биде деновиве.

Мицкоски до сега неколку пати кажа дека мерки ќе има многу скоро. Последните истекоа на крајот на април.

Освен ССМ, претходно и статистика излезе со алармантни податоци за цените. Нивните анализи покажаа дека зеленчукот за една година поскапел за близу 50 отсто, овошјето за над 20 проценти, а скок кај цените е забележан и кај другите производи, млекото, сирењето, јајцата, маслото лебот мастите.

Инфлацијата пак во јуни е 4, 5 отсто. Очекувањата на Владата се дека годинава ќе се заврши со стапка од само 2, 8 проценти.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе