Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе ја пречека Белгија во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. По добриот старт во мартовскиот циклус, нашиот тим сега пред себе го има и најголемиот предизвик, односно фаворитот број 1 во групата.
Белгија е фудбалска велесила предводена од големи ѕвезди како Кевид де Брујне и Ромелу Лукаку. Во четирите досегашни меѓусебни пресметки немаме победа. Првото соочување го имавме во квалификациите за Европското првенство во 1996 година, кога успеавме да го извлечеме и единственото реми со Белгијците, играјќи 1-1. Потоа бевме декласирани во Скопје со 0-5, а по втор пат ги одмеривме силите со оваа репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2014 година.
Тогаш во Скопје беше 0-2 со головите на Де Брујне и Еден Азар, додека во Брисел загубивме со 1-0, а стрелец повторно беше Азар.
Вечерва ќе го имаме петтиот дуел и шанса можеби за премиерно славје против овој противник. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат пред огромен предизвик, бидејќи имињата во ростерот на селекторот Руди Гарсија, кажуваат многу. Секако најопасен дел на белгиската репрезентација е нападот, каде во шпицот ќе доминира Лукаку, а по крилните се две ѕвезди од Премиерлигата, како Леандро Тросар од Арсенал и Жереми Доку од Манчестер сити. За Де Брујне не треба да се трошат зборови како за неговиот квалитет така и за неговото искуство, но она што и дава надеж на Македонија е фактот што знаеме како да одиграме против големите репрезентации особено на домашен терен.
Во квалификациите за ЕП 2024 година во Скопје ремизиравме 1-1 и со Италија и со Англија.
Македонија засега е лидер на табелата во групата во групата Ј со четири бодови, откако во првите две кола победивме со 0-3 кај Лихтенштајн и ремизиравме 1-1 на домашен терен со Велс. Белгија нема бодови, бидејќи во мартовскиот циклус играше бараж во Лигата на нации и вечерва го игра првиот натпревар во мундијалските квалификации.
Подршката од трибините денеска ќе биде и повеќе од потребна, а се очекуваат повеќе од 30.000 гледачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
ФУДБАЛ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026
ГРУПА И
Естонија – Израел
Норвешка – Италија
ГРУПА Ј
Македонија – Белгија
Велс – Лихтенштајн
ГРУПА Л
Чешка – Црна Гора
Гибралтар – Хрватска