Карло Анчелоти утринава за прв пат го водеше Бразил од клупата и одигра реми без голови на гостувањето кај Еквадор во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Искусниот италијански стратег ја презема селекторската функација кај петкратниот светски првак откако заврши неговиот ангажман во Реал Мадрид минатиот месец. Жерсон ја имаше најдобрата шанса за „кариоките“ на овој натпревар, а во самиот финиш се закани и Касемиро, но на крајот Бразил мораше да се задоволи само со бод.
Овој резултат го остава Бразил на 4.место на табелата во квалификациите со 22 бода по 15 натпревари. Еквадор е на второто место со два бода повеќе или 10 помалку од лидерот Аргентина.
Светскиот првак славеше со 1-0 против Чиле на гостински терен благодарение на голот на Хулијан Алварез. Лионел Меси влезе во игра во второто полувреме.
На последниот натпревар утринава во јужноамериканските квалификации, Парагвај со 2-0 го победи Уругвај. Со оваа победа Парагвај се израмни со Еквадор на второто место на табелата со по 24 бода, а Уругвај е петти со 21 бод.