Кошарка Спорт

МЗТ бара нова титула, ТФТ сака да ја расипе забавата

ТФТ Скопје вечерва од 19:30 часот ќе го пречека МЗТ Скопје во рамки на третиот финален натпревар во плеј-офот во домашното кошаркарско првенство. Со победа, аеродромци ќе прослават нова титула, а тимот од Тафталиџе игра за продолжување на серијата.

МЗТ максимално го искористи домашниот паркет и славеше на првите две финални пресметки. На првата убедливо со 67-49, додека на втората гостите дадоа посилен отпор и триумфот на шампионот беше само +5. Сега, момците на тренерот Васко Атанасов имаат шанса со нова победа да ја продолжат доминацијата во домашното првенство и да дојдат до шестата титула по ред, односно вкупно 12-тата во својата историја.

ТФТ секако има свои сметки во ова финале. Веќе испиша нова клупска историја со самиот пласман во серијата за титулата, па сега ќе ја бара и првата победа. Тимот на тренерот Боро Смилковски сезонава еднаш го победи МЗТ на домашен терен во регуларниот дел од сезоната со 75-70.

МЗТ е во фантастична низа осум победи по ред во плеј-офот, бидејќи претходно со максмимални 3-0 ги елиминираше и Феникс и Куманово, па доколку слави и вечерва тоа ќе биде перфектен пат до новата шампионска титула.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе