Спорт Фудбал

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Манчестер јунајтед и Тотнем ќе ја спасуваат очајната сезона со трофеј во Лигата на Европа. Вечерва во финалето во Билбао, двата тима кои се во долниот дел од табелата во Премиерлигата ќе играат за влез во Лигата на шампиони следната сезона.

Манчестер јунајтед е 16-ти на табелата, а Тотнем едно место подолу во Премиерлигата, но двете екипи имаат шанса да ја завршат сезоната со европски пехар. И покрај проблематичните резултати на домашната сцена, двата клуба имаа одличен успех во второто по ранг европско натпреварување.

Јунајтед е без пораз цела сезона во Лигата на Европа, на вкупно 15 натпревари има девет победи и четири ремија. Лондонскиот состав загуби два пати, а оствари девет победи и три ремија. Интересно е тоа што Манчестер јунајтед нема победа против Спарс веќе шест натпревари, последниот е во 2022 година од 3-2. Оваа сезона во Премиерлигата два пати победија лондончани, а се сретнаа и во Лига купот, како повторно славеше тимот во бели дресови.

Манчестер јунајтед ја освои Лигата на Европа во 2017 година, а Тотнем својот последен триумф во ова натпреварување, кое во минатото се викаше и УЕФА Куп, триумфираше во 1984 година.

Рубен Аморим за овој финален натпревар нема да може да смета единствено на повредениот Лисандро Мартинез, но уште неколку играчи се неизвесни за игра, кои се враќаат од повреди како Матајс де Лихт, Диего Дало, Лени Јоро и Џошуа Зиркце.

Ејнџ Постеколглу на спротивната страна не може да смета на повредените Лукас Бергвал, Дејан Кулушевски и Џејмс Медисон, а неисвезен е Папе Сар.

Натпреварот вечерва во Билбао стартува од 21 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе