Вести Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 29.3.2025

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 13 до 19°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Маврови Анови, Крушево, 4 Радовиш, 5 Пожаране, Претор, 6 Тополчани, Охрид, Ѓуриште, 7 Прилеп, 8 Крива Паланка, Тетово, 9 Берово, Кавадарци, Штип, 10 Велес, Струмица, Демир Капија, Ѓевгелија, Скопје – Петровец.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

42 Пожар, 40 Демир Капија, 35 Струмица, 34 Штип, Ѓуриште, 31 Попова Шапка, 25 Крива Паланка, Маврови Анови, 24 Гевгелија, Виница, Пожаране, 22 Берово, Лазарополе, 21 Крушево, 18 Скопје-Петровец, 17 Битола, Велес, Тетово, Кавадарци, Претор, 15 Тополчани, 12 Прилеп, Охрид.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 12.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе