Вести Временска прогноза

Утрото ведро и студено, а преку ден претежно сончево – Временска прогноза за 5.2.2025

Утрото ведро и студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, ведро и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -1°C, а максимумот од 4 до 12°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-8 Попова Шапка,  -5 Крушево, -3 Берово, -2 Крива Паланка, Куманово, Скопје-Петровец,  Прилеп, 0 Штип, Охрид, Кавадарци,  Дебар, Виница, Скопје-Зајчев Рид,  1 Велес,  Битола, Тетово, 2 Струмица, 5 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

32 Попова Шапка, 13 Маврови Анови.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 8.4.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе