Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али потпиша 18-месечен договор со италијанскиот прволигаш Комо.
Тој доаѓа во тимот на инсистирање на тренерот Сеск Фабрегас, кој верува дека Али има уште многу што да покаже на врвно ниво. Англичанецот, кој има 28 години е без клуб уште од јули 2024 година, кога му заврши договорот со Евертон.
Али своевремено блескаше во дресот на Тотнем, а потоа играше и за Бешикташ, но имаше сериозни проблеми со депресијата па неговата кариера отиде во надолна линија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.