Вести Македонија

Христовски во експресна постапка безбедносно проверен за „државна тајна“

Директорот на АНБ Бојан Христовски според сознанија на Телма го добил безбедносниот сертификат за „државна тајна“ на почетокот на неделата или во експресна постапка од десет дена откако на највисоката контраразузнавачка позиција стапи без него. Тоа значи дека Христовски веќе ќе може да ги чита „државните тајни“, а не како што било случај претходните денови, заменик директорот да му ги прераскажува тие документи.

Инаку лице кое нема сертификат за определен степен на доверливост (државна тајна, строго доверливо или доверливо) не смее да добие никакви информации од содржина на такви документи, со што и овој начин на прераскажување на државни тајни е основа за гонење за сторено кривично дело.

Безбедносната проверка на Христовски во самата АНБ која ја раководи и издавањето на сертификатот во Дирекцијата за безбедност за класифицирани информации може да бидат нов доказ и за постапките во Антикорупциска комисија, Обвинителството и МВР.

Затоа што при таа проверка, тој што го испрашувал Христовски односно својот директор морал да го праша Христовски за јазичниот ТОЕФЛ сертификат од Бугарија и за наводите за непостоење на школото Јулија во Пловдив. Тој одговор би бил клучен во истрагите на надлежните.

Доколку Христовски не бил прашан од својот подреден за ТОЕФЛ сертификатот тогаш антикорупциската ќе треба да испита и можен судир на интереси од вработениот во АНБ или намерен пропуст.

Од друга страна, претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека доколку нема соодветен и важечки сертификат Бојан Христовски нема да може да присуствува на седници во глувата соба во Собранието наменета за разгледување на „државни тајни“. Тоа го одлучува надлежен вработен во Собранието, порача Гаши.

А проверката на биографијата на Бојан Христовски продолжи во Собранието на првата сесија за пратенички прашања. Нови сериозни обвинувања стигнаа од опозицијата на сметка на директорот на АНБ, а одбраната со исто така сериозни контраобвинувања ја предводеше премиерот кој до номври лани му бил и партиски шеф на Христовски.

Миомир Серафиновиќ

Нови докази против Христовски, дронови за шионажа на опозиција, купчиња туѓи јазични сертификати- лидерски двобој во Собранието за новиот директор на АНБ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе