Вести Македонија Топ вести

Да биде фер и за работниците и за работодавачите – бизнис секторот во обид да ја убеди владата за нов закон за работни односи

Тоне капацитетот и продуктивноста на работна сила, бидејќи не се развиваат политиките за зачувување на работниците, но и за нивна безбедност на работните места, смета Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата. Токму поради ова, бизнис секторот се труди новата Влада да ја убеди дека е неопходно носење на нов Закон за работни односи.

Според Бошков, новиот Закон треба да биде и применлив и за бизнис секторот, односно да е фер и кон работниците и кон работодавачите. Заменик министерот за труд и социјална политика, Марјан Ристески потврдува дека веќе се прават анализи за законот кој подолго време беше во фиока.

Голем дел од работниците во реалниот сектор не си ги знаат своите права, ниту пак имаат доверба во синдикатите. Недовербата и кон институциите кои треба да им ги штитат работничките права е една од причините за заминување на младата работна сила од земјава. Токму поради ова и големите компании постојано имаат отворени огласи за вработување, а на пазарот на трудот најбарани се работници во градежништвото и угостителството.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реновирано одделението за систематски прегледи во ИЈЗ, втора смена за микробиолошки анализи

Дејан Дејан

Сирените се реалност, речиси, секоја вечер во Тел Авив – репортажа од Израел вечерва во КОД

Дејан Дејан

Нестручно работење или невнимание – надлежните треба да ги утврдат причините за падот на кран на градилиште во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе