Спорт Фудбал

Македонија бара излез од кризата: Само победа против Ерменија нѐ враќа во колосек

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ја пречекува Ерменија на арената „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на 2.коло од Лигата на нации на УЕФА. По очајниот настап на Фарски Острови и ремитo 1-1 со аутсајдерот, на нашите момци очајно им е потребна победа за враќање на самодовербата. Ерменија е добро познат ривал со кого треба да се бориме за првото место во групата 4.

Ерменија доаѓа во Скопје на крилјата на голема победа од 4-1 против Летонија во првото коло. За разлика од Македонија, која во моментов е далеку од својата најдобра форма. Критиките за настапот против Фарски Острови се издржани, бидејќи освен неколку поединечни блесоци на фудбалерите, Македонија воопшто не изгледаше како воигран тим, што знае што сака на теренот.

Тактиката, играта и желбата треба да бидат на едно повисоко ниво против Ерменците, кои се далеку посериозен ривал од Фарски Острови. Ова е противник со кој добро се познаваме, бидејќи изминативе шест години имаме одиграно дури седум натпревари од кои шест се во квалификации или Лига на нации и еден пријателски. Токму победата од 3-1 на пријателската во Скопје пред 11 месеци е и нашата последна победа, а меѓусебниот скор е четири победи за Македонија, два порази и едно реми.

Македонија е во низа од седум натпревари без триумф, а гледајќи ги резултатите  од изминатите две ипол години по победата над Италија во баражот за Светското првенство во 2022 година, знаеме да славиме само против најслабите европски репрезентации.

Освен Ерменија, на пријателски натпревар ја победивме и селекцијата на Фарски Острови. Во минатото издание на Лигата на нации, во групата два пати бевме подобри само од Гибралтар, а во квалификациите за Европското првенство ја победивме Малта во два наврати и толку…

Оваа статистика уште еднаш покажува дека на Македонија очајно и е потребна нова победа, прво за да се врати самодовербата, а второ да се смират страстите кај јавноста.

Овој пат притисокот е на нашата страна и императивот за три бодови. Нов неуспех ќе значи дека и во ова издание на Лигата на нации ќе биде речиси невозможно да стигнеме до првото место во групата што носи потенцијален бараж за СП во 2026 и пласман во Лигата Б во следното издание на Лигата на нации.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шампионот Струга ТЛ ја продолжи агонијата на Вардар

Дејан Дејан

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев се врати дома

Desk

Рекорден број учесници на 20-тото јубилејно издание на Скопски маратон

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе