Вести Економија Македонија Најважни

Минималецот од 450 евра виси на конец

Се поизвесно е дека покачување на минимална плата на 450 евра во првите сто дена од Владата нема да има.

Премиерот Христијан Мицкоски е на ставот дека ова прашање добива политичка конотација и гледа синхронизација меѓу ССМ и опозициската СДСМ.

Во ребалансот на Буџетот е се чисто а таму не се предвидени пари за повисока минимална плата.

Премиерот најави дека ќе седне со сите претставници на легитимните синдикати за да разговара за платите и условите.

А седумдесет и осум отсто повисоки плати за функционерите изгледаат различно кога си опозиција и кога си на власт.

Одлуката беше донесена во март минатата година, опфати над илјада функционери и тежи над 15 милиони евра годишно.

Денес премиерот соопшти дека покачувањето од 78 отсто ќе биде дел од законско решение заедно со коефициентите на сите вработени во јавната администрација, но повлекување на одлуката нема да има.

Премиерот Мицкоски ветува дека дополнително зголемување на платите нема да има.

Така ССМ останаа единствените кои останаа на ставот за повлекување на одлуката за зголемување на функционерските плати а нивното официјално барање поднесено во август минатата година тврдат дека сеуште стои во некоја фиока во Собранието.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе