Вести Економија

„Џенерал моторс“ ќе отпушти до илјада работници

Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ најави дека ќе го намали бројот на вработени во секторот за софтвер и услуги.

Причината за отпуштањето на повеќе од илјада вработени е да се зголемат инвестициите во нови технологии, а притоа да се одржи профитабилноста, пренесува СЕЕбиз.

Автомобилскиот гигант со седиште во Мичиген планира 600 од 1.000 отпуштања во технолошкиот кампус на компанијата во близина на Детроит.

„Џенерал Моторс“ ги потврди отпуштањата, но не го откри точниот број на луѓе кои ќе останат без работа. Како што објасни портпаролот на компанијата, за да се изгради иднината, компаниите мора да донесат храбри одлуки и да дадат приоритет на инвестициите кои ќе имаат најголемо влијание.

Како резултат на тоа, ја намалуваме големината на одредени тимови во организацијата за софтвер и услуги, рече портпаролот на „Џенерал Моторс“.

На крајот на минатата година, според официјалните податоци, автомобилскиот гигант имал околу 76.000 вработени и 87.000 работници со скратено работно време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе