Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максималната од 31 до 38°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
11 Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Берово, 14 Попова Шапка, 15 Крива Паланка, Тетово, Битола, 16 Прилеп, Охрид, 17 Скопје-Петровец, Крушево, Претор, 18 Демир Капија, 19 Штип, Струмица, Велес, Виница, 20 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Пожаране, 5 Тетово, 4 Крушево, 3 Маврови Анови, 2 Попова Шапка.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 25.0, Преспанско Езеро 23.0, Дојранско Езеро 27.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/