Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Наплаќањето патарина – најпрофитабилен државен бизнис

Најпрофитабилни државни претпријатија патарини, ЈПДП

Наплаќањето патарина за државата е 13 пати попрофитабилно од коцкањето.

Јавното претпријатие за државни патишта е златната кокошка меѓу државните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост. Државните железници, пак, се жив зијан.

Според податоците на Министерството за финансии, ЈПДП минатата година остварило добивка пред оданочување од над 6 милијарди денари, односно 100 милиони евра. Државната лотарија на пример имала профит од скоро 8 милиони евра.

ЈПДП минатата година имало поголема добивка од сите други 30 јавни претпријатија и државни акционерски друштва заедно. Без него, државните фирми во просек би биле загубари.

Државните патишта лани инкасирале над 200 милиони евра, а расходите им биле 100 милиони евра. Најголем дел од приходите им се од акцизите за горивата – скоро 80 милиони евра, од патарини заработиле скоро 62 милиони евра, а од регистрација на возила уште над 30 милиони евра.

На второ место по профитабилност лани било МЕПСО со добивка од 14,7 милиони евра, па Лотарија со скоро 8 милиони евра. На четврто место е државниот производител на струја ЕСМ со над 5 милиони евра ќар, па контролата на летање М-НАВ со 4,4 милиони евра.

Најголеми загубари, пак, се железничките претпријатија. Македонски железници Транспорт ја завршиле годината со минус од над 12 милиони евра, а Железници Инфраструктура со минус 11 милиони евра. ЈП Стрежево – Битола завршило со минус од 3,2 милиони евра, ТЕЦ Неготино со минус 2,3 милиони евра, а листата загубари ја заокружуваат Национални шуми и Пошта кои направиле загуба од по 2,2 милиони евра.

Според плановите за годинава, по укинувањето на државната помош, се очекува најголем загубар да биде ЕСМ со минус од над 10 милијарди денари, односно скоро 165 милиони евра. Од друга страна, се очекува државните патишта да направат ќар од 145 милиони евра, а Лотарија треба да го удвои ќарот на 15 милиони евра. За годинава се очекува Номагас да го зголеми профитот за 5 пати, и да заработи 7,2 милиони евра.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши поставувањето на новите топловодни цевки под мостот Беласица

Дејан Дејан

Кривична за помошничка на министерот во Центарот за обука на МВР за оштетување на буџетот за 3000 евра

Дејан Дејан

Кочанските активисти прогласија победа за депонијата кај село Бели – советниците одлучија во полза на граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе