Вести Економија Свет

Сенегал се појавува на глобалната мапа за нафта и гас

Австралиската компанија за истражување и производство на нафта „Вудсајд енерџи“ објави дека почнала да произведува нафта од наоѓалиштето Сангомар во близина на брегот на Сенегал, кое ја вклучува земјата на листата на производители на течни фосилни горива.

Вудсајд ја произведе првата нафта од полето Сангомар, со што успешно ја заврши испораката на првиот офшор нафтен проект во земјата“, се вели во соопштението на компанијата.

Австралиската компанија управува со теренот заедно со Сенегалската нафтена компанија (Société des Pétroles du Sénégal), дел од Групацијата Петросен (Група ПЕТРОСЕН).

Полето на океанското дно, кое се наоѓа на околу 100 километри јужно од Дакар, содржи нафта и гас.

Проектот има за цел да достигне производство од 100.000 барели дневно.

Ова прво производство од „Сангомар“ му претходи на пуштањето во употреба на уште еден проект – „Greater Tortue Ahmeyim – GTA“ на границата со Мавританија, развиен од британскиот „Бритиш петролеум“ (БП), американската нафтена компанија „Космос енерџи““ ( Космос енерџи), мавританската „Société mauritanienne des hydrocarbures – SMH“ и „Petrosen“, и која се очекува да произведува околу 2,5 милиони тони течен природен гас годишно.

Производството на нафта и гас во Сенегал ќе биде за извоз и домашна потрошувачка.

Сепак, нема да ги достигне нивоата , на пример, Нигерија, но сепак земјата очекува приходи од милијарди долари, како и забрзана трансформација на нејзината економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американците денеска со Украинците, утре со Русите – нова рунда на мировни преговори во Саудиска Арабија

Дејан Дејан

Трамп сака да нè скрши, за Америка да нè поседува – канадскиот премиер распиша вонредни избори на 28 април

Дејан Дејан

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе