Една третина од пензиите се исплаќаат од буџетот. Приходите на Фондот за пензиско осигурување се зголемуваат, но се зголемуваат и расходите за пензии, па останува дупка од околу 500 милиони евра, која се пополнува од државниот буџет, покажува ревизорскиот извештај за работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2022 година.
Со оглед на стареењето на населението, се очекува овој проблем да остане и во наредните години.
Ревизорите изразиле мислење со резерва за реалноста на финансиските извештаи на ПИОМ и неповолно мислење за усогласеноста со законите, упатствата и воспоставените политики.
Според ревизорите, Фондот нема податоци за наплатени пари од акции, има слабости во спроведувањето на јавните набавки, архивирањето и се мачи со недостиг на информатички кадар.
