Вести Економија Топ вести

Ќе скокне ли цената на горивата поради случувањата на Блискиот Исток

Што ќе се случува со цените на бензините  појасна слика ќе имаме следната недела, вели првиот регулатор Бислимовски.  Ситуацијата на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светките берзи. Утре ќе се носат нови одлуки за цените на горивата , но Бислимовски не очекува овој понеделник да има сериозно поскапување.  А дали тоа би се случило понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде  состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена.

-Јас очекувам ако оваа ескалација се зголеми нафтата да отиде суровата нафта да отиде и над 100 долари но тоа се случува на кои никој не може да  влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени големи.

Но, клучна ќе биде следната недела која што ни претстои имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат 8 до 9 проценти во вкупната  потрошувачката во Европа. Така да следната недела ќе биде клучна, во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати.

Познавачите на оваа проблематика  предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.

 -Aко остане оваа цена подолго време како што е 90 долари за барел и ако  има некој прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци но тоа глобално, вели Бојан Цветковски- претседател на АЦИ Македонија

Од почетокот на годинава до сега, цената на нафтата е зголемена за околу 10 отсто. Паралелно расте и доларот. Надлежните во земјава  велат дека ова се состојби ан кои не може да се делува освен да се следат.

Ирена Чачкова 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе