Вести Економија Македонија Топ вести

Султанот патуваше со воз од Солун до Битола, еден век подоцна нема ниту султан ниту воз

Турскиот султан Мехмед Петти Решад во 1911 година пристигнал во Солун на железничка станица во Битола. Браќата Манаки го овековечиле  настанот на камера, но 113 години подоцна, снимателите немаат таква можност .

Ниту има султан,  ниту пак воз на оваа релација.

Славеникот МЖ Транспорт кој денеска одбележува 151 година од основањето, никогаш не бил во полоша состојба.

Освен што нема ниту еден меѓународен воз и на домашен терен половина линии се укинаа.

Македонската железница според последните податоци има долг за минатата година од над 65 милиони евра, а според последниот извештај на финансии 2023  ја заврши со загуба од над 8 милиони евра. Постојано се прави дотур на средства од буџетот за да можат да платат сметки и да поделат плати. А машиновозачите се често на блокади.

Ова накратко е денешната слика за Македонската железница. Единствено што остана се ветувањата од страна на надлежните и оние кои ја управуваат. На новата годишнина повторно најави за модернизација и нови пруги.

И МЖ Инфраструктура не е во најдобра ситуација. Иако,  подобро работи од Транспорт сепак има минус од над  1, 5 милиони евра.

На листата од Министерството за  финансии може да се види дека во четвртиот квартал лани во минус биле и  Пошта, но тука е  и Државна Лотарија, а има и медиуми односно лошо сработеле Медиумската информативна агенција и JРП „Македонска Радиотелевизија“ – Скопје.

Овој пат од енергетските компании само ТЕЦ Неготино не може да се пофали со добри бројки каде е регистриран минус од 1, 8 милиони евра. За разлика од претходно кога ЕСМ имаше загуба од околу 6 милиони евра,  овој пат компанијата има добри резултати.

За Македонската железница  поранешниот премиер Заев зборуваше дека е зрела за јавно приватно партнерство или приватизација. Но за сега нема план за спас на ова претпријатие.

Ирена Чачкова 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе