Вести Економија Македонија Топ вести

Со истечена лична карта ќе се гласа, но не може да се подигне плата

Никола Толов, утрово се соочил со непријатна ситуација, во една од банките во земјава. Итно морал да повлече средства од својата трансакциска сметка, но тоа не можел да го стори затоа што трансакцијата му била одбиена.  Во банка му појасниле дека тоа се случува затоа што немал валиден личен документ. Старата лична карта му е истечена, новата му е во процес на вадење. Се обидел да објасни дека пред околу еден месец се фотографирал и за лична карта и за пасош и дека веќе чека МВР да му ги издадат  новите документи. Но тоа не му помогнало. Ливчето хартија кое полицијата го дава како доказ дека личната карта е во изработка не поминува на шалтер во банка.

Поради тоа,  додека не донесе нов документ со Северна, плата ќе прима, но средствата нема да може да ги користи, да плати сметки, да пазарува и слично.

-Утрово имав непријатна случка се обидов да извадам  пари од банкомат и  добив информација дека трансакцијата ми е одбиена. Се обидов уште еднаш да извадам пари и повторно добив нотификација дека трансакцијата ми е одбиена. Се јавив во банката и човекот љубезно ми кажа дека со картичката нема никаков проблем  и да појдам до најблиската  експозитура и таму да проверам. Ми требаат пари, отидов веднаш до банка. Жената што работеше во канцеларијата во Лептокарија ми кажа дека она не може да ми помогне и ме упати кај својата шефица, бев и кај нејзината шефица ми кажа дека не може да ми ја активираат сметката ,затоа што немам валиден документ затоа што личната карта и пасошот  единствените документи  ми се истечени и јас не можам да оперирам со сметката.

Им ги понудив потврдите дадени од МВР дека сликањето е завршено и дека  чекам они ми кажаа дека не можат да ми помогнат затоа што законот  бил еднаков  за сите и поради тоа што немам валиден документ. Значи валидни документи ги рачунаат роковите за лична карта и пасош и затоа не можат да ми помогнат никако, раскажа за телма Никола толов

 

Уште во јули лани се јавил да закаже за нова лична карта и пасош. Се фотографирал на почетокот на март. Личната карта го известиле дека се уште е во процедура и дека за некој ден треба да е готова, а пасошот дека се уште не е одобрен.

Од Македонската банкарска асоцијација за Телма соопштуваат дека тие се обратиле до МВР и сите релевантни институции за тоа како треба да постапуваат со личните документи во периодот по 12 февруари. Појаснуваат дека нивните членки, банки штедилници работат согласно добиените одговори и важечки регулативи.

Ги прашавме и во МВР дали доставиле некаков документ до банкарите, како да постапат во вакви случаи, но одговори до подготовка на прилогот не добивме.

И додека граѓаните не можат да користат сопствените  пари  поради истечена лична карта и кога се во процедура на вадење нова, во Собранието пред извесно време, по скратена постапка и без дискусија поминаа измените во Изборниот законик со кои на избори ќе можат да гласаат и оние граѓани чии документи ја изгубиле важноста 9 месеци пред денот на изборите.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе