Вести Економија Македонија Топ вести

Експертите за економските предизборни ветувања на партиите – „бегство“ од реалноста

Повисоки плати, пензии,  нови вработувања, силна економија, километри нови патишта, енергетска независност. Големите ветувања на двете најголеми партии во земјава, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ испишани на неколку страници.

На неколку недели пред официјалниот старт на политичките кампањи, лидерите на партиите не застанаа.

Облечени во костум пред своите сопартици, во познати скопски хотели  изминатиот викенд, Ковачевски и Мицкоски зборуваа како до подобар животен стандард. Преку своите ветувања се обидуваат да ги придобијат гласовите од граѓаните. Генерално фокусот кај двете партии е економијата.

-Во наредните 4 години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната ќе биде 600 евра или 37 илјади денари, вели лидерот на СДСМ , Димитар Ковачевски

 

-Пензиоенрите  да не се грижат, во првата година од мандатот на владата на Вмро- Дпмне и коалицијата ќе имаат за  5000 денари повисока пензија, вели претседателот на вмро-дпмне, христијан мицкоски

Познавачите пак во говорот на лидерите на најголемите партии препознаваат политичко надавање. Велат, убаво изгледаат сите тие ветувања, но прашањето е како и дали може да се реализираат.

-Се тоа убаво звичи, дека платите ќе се зголемат, пензиите ќе се зголемат, растот ќе се зголеми. Вистинските причини,  она што не интересира нас како академска заедница,  како професионалци е како. Кога ќе ги прашање еднаш како ќе го направат тоа и кога ќе ги прашате уште еднаш како тоа првото ќе го направат, тогаш се јавуваат  проблемите.  Дали имаме ресурси, човечки, финансиски, дали имаме политчка воља и законска регулативна,  така да не е толку едноставна приказната, вели универзитетскиот професор, Борче Треновски

Аналитичарот Бранимир Јовановиќ пак смета дека со ветувањата, СДСМ како партија се труди да се доближи повеќе до граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ да го придобие бизнисот. Но, и кај двете партии гледа веќе застарен модел за прибирање гласови.

-Сега отидоа еден чекор понапред, односно го зголемија нивото на лажење, па така гледаме едните ветуваат дека ќе има раст од пет отсто што во денешни услови е невозможно. Кина се радува ако има раст од 5 отсто, а не македонија.  Другите пак ветуваат плата од 1.100 евра што е исто така невозможно, вели аналитичарот Бранимир Јовановиќ

Предизборно или не. Утре лидерот Мицкоски ќе се сретне со првиот човек на најголемата комора во земјава Азески. А според информациите и други политички партии следниот период планираат средби со бизнисот.

Изминатиот период пак од бизнис секторот излезе со критика дека, досега ниту една Влада немала доволно слух за нивните проблеми. Во меѓувреме додека се слушаат партиските ветувања, граѓаните се борат со скапотијата, високите трошоци и примањата кои не стасуваат да го истуркаат месецот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе