Вести Економија

Василевска во „Топ тема“: Економска трансформација на Македонија, нудиме нивелиран и стратешки раст на БДП од 5 проценти годишно

Проекцијата на платите, за жал, кажува нешто поинаку и тоа е драматична слика која одразува економската состојба на македонските граѓани. Долг период работевме на анализи, имаме детален план што ќе го видите наскоро во јавноста, рече Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Нашата платформа се заснова на економска трансформација на Македонија. Констатирајќи ги сегашните состојби со, да речеме, инфлација од основни 19 проценти, на храната и на прехранбените продукти на моменти достигнува преку 50 проценти. Да не заборавиме дека 1 посто раст на бруто-домашен производ не е домаќинска економија. Од тука, она што нашиот економскиот тим го понуди е нивелиран и стратешки раст на бруто-домашниот производ од пет проценти за секоја година, кој би требало да се темели врз неколку други параметри. кои што се, исто така, особено значајни, а тоа е повторно враќање на Македонија на колосек за донесување на странски инвестиции“, вели Василевска.

Според неа, не може да се зборува за стабилна економија, со раст на инфлација од 50 проценти, повеќе од еврозоната.

„Тоа значи дека сме далеку од било каква стабилна, дури и во демократија или во институционален систем сме на работ. И сето ова е поврзано и со корупцијата, и во борбата со зајакнување на институциите, расчистување со недопирливите во судско-обвинителскиот систем, расчистување со крунискиот пристап за водење на политика, намалување на управни одбори, намалување на заменици директори, итн.“, изјави Василевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК со пресек на излезноста за претседателските избори – до 17 часот гласале 452.412 лица или 42,32 отсто

Дејан Дејан

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе