Вести Економија Македонија Топ вести

Поради скапата струја дома, дел од малите фирми бегаат на слободен пазар

Скапата струја од ЕСМ натера дел од  потрошувачи да избегаат на отворен пазар. Од декември до февруари околу 20 илјади мали потрошувачи одлучија со електрична енергија наместо на регулиран да се снабдуваат на отворен пазар каде таа е поевтина. Првиот регулатор очекува овој тренд на префрлање да продолжи и освен компании тоа да го сторат и дел од домаќинствата.

Верувам дека и оние домаќинства кои длабоко влегуваат во четвртиот блок ќе се префрлат на слободен пазар на струја каде што ќе имаат подобри услови односно цени ан струја. ЕСМ како државна компанија  тоа што може да го даде ќе го даде тоа се прв втор и трет блок, вели Марко Бислимовски, претседател на Регуалаторна комисија за енергетика

Според, податоците мегават час на берзите чини околу 70 евра, па и пониско, додека на РЕК Битола достигнува и до 110 евра. Според, Бислимовски ова е проблем на кој мора да се работи.

Факт е дека имаме цена од берзите, пониска од  термоелектраните во Битола и тоа е проблем на кој мора да се работи и да се решава но за жал во земјава почна да се увезува јаглен и не можеме да очекуваме дека цената со увозен јаглен ќе биде далеку пониска. Овој викенд имавме во саботата 43 до 43 евра за мегават час во неделата 30 и тој тренд ќе биде поизразен и ќе имаме потрошувачи кој ќе одат на отворен пазар, додава Бислимовски

Последно ЕСМ донесе одлука  да набави  500 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола.  Но, од кој ќе го испорачува, по која цена и колку пријавени имало на повикот од државните електрани повеќе од една недела одговори нема.

Пред извесно време се намали и  цената за топлинска енергија за училиштата, општините, малите дуќани во  главниот град. Дали тоа ќе се случи и за домаќинствата е неизвесно. Бислимовски вели дека ТЕТО испорачува топлинска енергија помалку од она што го има предвидено регулаторна. Зошто е тоа така допрва ќе се разговара, но уверува дека тоа нема да влијае при утврдување на новата цена на парното.

По  реакциите во јавноста пак за воведувањето на давачката од  200  денари за пристап до мрежа, Бислимоивски тврди дека никој од оваа давачка нема да заработи, а ако не се вовела можело да дојде до поскапување на евтината тарифа, но и на цената во блоковите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе