Вести Свет Топ вести

Милановиќ како кандидат на опозициската СДП за премиер на парламентарните избори во Хрватска ќе се соочи со Пленковиќ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ објави дека ќе биде кандидат на опозициската СДП за премиер на парламентарните избори распишани на 17 април, наместо претседателот на партијата, Пеѓа Грбин.

По информациите дека си дал оставка од функцијата претседател на државата, тој на Фејсбук напиша дека останува претседател и позицијата ќе ја отстапи после изборната победа.

Милановиќ ненадејно се појави во прес-конференцијата на СДП и објави дека на изборите се кандидира со коалицијата СДП како кандидат за премиер.

  • „Знам дека имаше многу критики на моја сметка и затоа нема да бидам кандидат на СДП за премиер на овие избори“, рече Грбин во петокот на прес-конференција на плоштадот Марулиќ во Загреб и го отстапи местото пред микрофоните на Милановиќ, кого го најави како „носител на листата на СДП во 1. ИЕ и наскоро претседател на Владата на Република Хрватска“.

Тоа значи дека на парламентарните избори ќе има судир меѓу Милановиќ и Андреј Пленковиќ, кој ја извршува функцијата премиер на Хрватска од 2016 година.

Ова ќе бидат први избори во Хрватска на кои ќе се гласа во среда, 17 април, а тој ден е проглаен за неработен во земјата.

Милановиќ го објави датумот на парламентарните избори откако вчера беше распуштен десетиот состав на хрватскиот Сабор.

Хрватскиот претседател донесе и одлука за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Република Хрватска, а гласањето ќе се оддржи во недела на 9 јуни 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе