Кошарка Спорт

Бостон е првиот тим што официјално обезбеди плејоф во НБА (ВИДЕО)

Бостон го совлада Феникс со 127-112 и математички стана првиот тим во лигата што обезбеди место во разигрувањето за титулата. Џејлен Браун имаше 37 поени, Џејсон Тејтум придодаде 26, додека Ал Хорфорд го заврши натпреварот со 24 поени. Девин Букер со 32 поени најмногу се истакна кај Санс.

Далас без Лука Дончиќ во составот загуби на гостувањето кај Оклахома со 126-119. Шеи Гилгеус Александер со 31 поен ги предводеше Тандер, додека Кајри Ирвинг најмногу се истакна на спротивната страна со 36 поени и 12 асистенции.

Јанис Адетокумпо со 32 поени и 11 скока го одведе Милвоки до триумф од 114-105 против Филаделфија. На останатите натпревари, Лос Анџелес клиперс славеа на гостински паркет кај Чикаго со 126-111, Хјустон го совлада Вашингтон со 135-119, а Њујорк како гостин победи во Портланд со 105-93.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе