Вести Економија Македонија Најважни

(видео)Горан Трајковски: Трговците треба да ја следат пазарната логика во спротивно ќе се соочат со високи казни

Државниот пазарен инспекторат ги интензивирал деновиве проверките на цените на основните прехрамбени производи особено на дел од млечните производи за кои претходно била добиена информација од снабдувачите на големо во земјава дека се врши нереално зголемување на нивната цена.

Трговците треба да ја следат пазарната логика во спротивно ќе се соочат со високи казни, вели  за Утринска на Телма, Горан Трајковски директор на Пазарен инспекторат. Според него трговците и покрај мерките работеа профитно и не беа доведени во загуба.

Пред пратениците на дневен ред Законот за нефер трговски практики

Законот за нефер трговски практики денеска на собраниска седница пред пратениците откако претходно ја помина комисиската расправа.

Властите очекуваат со него да запре нелојалната конкуренција во трговијата и да се спречат манипулациите со цените.

Законот според нив треба да го заузда ценовниот шок кој претходно под контрола го држеа мерките за гарантирање на цената на дел од производите.

Засега десетина маркети се одзваа на апелот на Пазарната инспекција и преку социјалните мрежи, најавија дека ќе ги задржат цените до 15 мај или до носење на законот за нефер трговски практики.

Пазарните инспектори ќе следат дали тие се држат до дадениот збор, во спротивно ќе одговараат за измама.

Изминатиов период два маркети, еден во Битола и еден во Скопје се соочија со ставање клуч на врата откако претходно било утврдено дека се обиделе да ги заобиколат законите на сметка на остварување поголем профит на грбот на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе