Вести Македонија Топ вести

Одржан првиот Национален студентски форум за решавање на проблемите и зголемување на правата на студентите

Финансиите се клучен проблем за студентите, рекоа од Форумот за образовни промени на денешниот Национален студентски форум, што се одржа за прв пат. Според извршиот директор на Форумот, студентите едвај врзуваат крај со крај за да го поминат месецот.

  • „Вие знаете колку се високи цените за ние да можеме да го менаџираме студентскиот живот, тука. Вие знаете дека преку лето Скопје нема многу луѓе поради тоа што сите студенти се враќаат назад. Така што студентите што живеат во Скопје имаат многу потешкотии да го поминат месецот, нели?“, изјави Бленди Ходаи- извршен директор на Форум за образовни промени.

Ходаи е незадоволен од властите кои 10 години ветуваат реновирање на студентските домови, а во пракса ништо не се случува.

  • „Вие би може да изградите цел студентски град за тие 10 години. А, тие не можат да наместат 2- 3 работи во студентските домови, што е многу важна компонента, поради тоа што е социјална компонента за студентите“, изјави Ходаи.

Поттикнати од проблемите, студентите се здружија за остварување на нивните права и за подобрување на условите за студирање. Вчера е формирано Национално студентско тело во кое се вклучени 7 универзитети од Македонија, со надеж дека ќе се вклучат и други високо- образовни институции, кажа Ходаи. Целта е креирање Национална платформа за здружено делување на студентските лидери при застапување на проблемите и интересите на студентите. Проблемот со нискиот студентски стандард  ќе се решава преку усвојување студентска Резолуција, со која се предлага бесплатно образование  во прв циклус на студиите на државните универзитети, а од МОН и Владата ќе се бара Скопје и другите градови во кои има универзитети да станат студентски градови, со пониски цени каде се сместени студентите. Резолуцијата вклучува и примена на дигитализацијата, преку изготвување апликација на која студентите ќе ги гледаат оценките, а не како до сега да користат индекси. Но и потранспарентно образование, со следење во живо на стримови од седниците на сенатите, за да се види дали професорите ги застапуваат студентите или се залагаат за личните интереси.

Ќе биде усвоена и Повелба за студентските права, со идеа да биде вметната во Законот за високо образование. Целта е, зголемување на правата на студентите од 15, колку што сега ги има во законот, да пораснат на 68, колку што се наведени во Повелбата, рече Ходаи. Тој  призна дека како невладина организација не можат да направат повеќе и ги повика студентите да бидат порадикални кога се борат за нивните права.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе