Кошарка Спорт

Јокиќ нерешлива енигма за Бостон, Дончиќ по стапките на Вестбрук (ВИДЕО)

Денвер ги доби двете пресметки со најдобриот тим во лигата сезонава Бостон. Утринава Нагетс славеа против Селтикс со 115-109 благодарение на уште една магична партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар го запиша 20-тиот трипл-дабл сезонава со 32 поени, 12 скока и 11 асистенции, а Џамал Мареј имаше 19 поени. Кај Бостон, Џејлен Браун имаше 41 поен и 14 скока, а Кристапс Порцингис запиша 24 поени и 12 скока.

Лука Дончиќ го запиша петтиот трипл-дабл по ред и тоа со најмалку 30 постигнати поени и го предводеше Далас до победа од 114-108 против Мајами. Словенецот го заврши натпреварот со 35 поени, 11 скока и 11 асистенции и стана само вториот играч во историјата на НБА со пет трипл-дабл натпревари по ред и најмалку 30 поени по Расел Вестбрук во 2017 година.

Ентони Едвардс одигра исто така фантастичен натпревар и постигна 44 поени за Минесота на гостувањето кај Индијана во победата од 113-111, а клучна беше и неговата блокада во последните моменти.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Бруклин 118-112
Феникс – Торонто 120-113
Голден Стејт – Чикаго 122-125
Сакраменто – Сан Антонио 131-129

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе