Вести Економија Македонија Најважни

Мерката „гарантирана цена“ згасна, цените растат – комисијата за заштита на конкуренција да биде поактивна

Експертите очекуваат реакција од институциите, ако дојде до сериозен скок на цените. Мерката гарантира цена сметаат дека е непазарна која привремено ги решава проблемите. Taa згасна пред неколку дена и дел од трговците одлучија да ги поскапат производите. Експертската јавност ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да биде поактивна. Велат дека има закон по кој тие можат веднаш да постапат.

Ако навистина почнат цените многу да се покачуваат јас  мислам дека ќе се реагира, но тоа не е убаво, а другото е господ да ни биде на помош што попаметно да каже човек. Имаме закон за заштита на конкуренцијата на пазарот и институција,  малку активна да стане. Гледам дека ова покачување на цени не само што  има  фер трговски практики него злоупотреба на пазарна позиција, зошто никој не сака тој закон да го примени со години ајде јас да грешам, но во многу случаи за цените не грешам, вели универзитетскиот професор Ванчо Узинов

Од ССМ  пак сметаат дека Владата избрала со стопирањето на  мерката гарантирана цена.

– Имаме големо покачување на цените од први март до сега. Владата избрза со стопирање на мерката гарантирана цена, требаше да се чека да се донесе Законот за нефер трговски практики, вели Трпе Деановски од Упоз

Од пред неколку дена од кога ова мерка повеќе не е на сила пазарниот инспекторат нема ингеренции ниту да делува ако затекне дека има  зголемени цени.  Од Комисијата која сите ја повикуваат уште пред неколку месеци кога имаше драстичен раст на цените на производите се изјаснија дека тие не можат да постапуваат по допрен глас без претставка. А процедурата која треба да докаже дека има картелски здружувања на трговците е долга и трае со месеци. Вицепремиерот Битиќи тогаш лично отиде да ја достави и пред неколку дена кажа дека ако има потреба сега повторно ќе го стори тоа.

Од друга страна Законот за нефер трговски практики  е заглавен во Собрание, а се очекува тој да стави крај на манипулациите со цените.  Па, од тука се отвара прашањето дали повторно на трговците ќе им се остави простор за да си играат со цените.

Со законот , над 2.000 земјоделски и прехрамбени производи ќе имаа ограничена маржа до 10 отсто. Планот е листата на овие производи Министерството за економија да ја направи заедно со Организацијата на потрошувачи и со Стопанската комора. Таа ќе биде објавена како правилникот, откако овој закон ќе се донесе и објави во Службен весник.

И додека се бара начин кој и како да ги заштити граѓаните од нов ценовен шок, тие  секојдневно се борат со цените. Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство му се потребни  околу 1000 евра за да го истурка месецот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе