Кошарка Спорт

Јокиќ има трипл-дабл против сите тимови во НБА-лигата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ стана само третиот кошаркар во историјата , крај Леброн Џејмс и Расел Вестбрук што постигнал трипл-дабл против сите тимови во НБА-лигата. Српскиот центар имаше 21 поен, 19 скока и 15 асистенции во победата на Денвер од 130-110 против Вашингтон на домашен паркет. Интересно Јокиќ имаше перфектни 10 од 10 од поле.

Лука Дончиќ со 41 поен и Кајри Ирвинг со 29 го водеа Далас до триумф од 123-113 против Феникс. За Маверикс ова беше седма победа по ред за да се израмнат со Санс на табелата на Западот со по 33 победи и 23 порази. На спротивната страна Девин Букер постигна 35 поени, а Кевин Дурент 23.

Голден Стејт славеше против Лос Анџелес лејкерс со 128-110. Стеф Кари имаше 32 поени, а Ендру Вигнс реализираше 20 за Вориорс. Кај гостите, кои беа без Леброн Џејмс во составот, Ентони Дејвис беше најефикасен со 27 поени и 15 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Кливленд – Орландо 109-116
Индијана – Детроит 129-115
Филаделфија – Њујорк 96-110
Торонто – Бруклин 121-93
Чикаго – Бостон 112-129
Њу Орлеанс – Хјустон 127-105
Оклахома – ЛА Клиперс 129-107
Јута – Шарлот 107-115
Сакраменто – Сан Антонио 127-122

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе