Вести Економија Македонија

Стратешките закони исчезнаа од дневниот ред во Собранието, кој побара одлагање на Комисијата за проектите кои ја кренаа на нозе експертската јавност?

Комисијата на која требаше да се расправа за предлог- законите за стратешките инвестициски проекти за кои изминатиов период имаше низа реакции во јавноста, одложена. Кога повторно ќе биде закажана засега не се знае.

Предлог- законот за Митилинеос кој треба да ја гради новата когенеративна централа во Железара ја крена  на нозе речиси целата експертска јавност.

На последните две седници на Влада се разговараше токму за овој закон, дали да се повлече или не. Нo, дискусијата се одложи за наредната седница. Министерот за економија се изјасни дека ќе бара повлекување на овој предлог закон, а преговорите со инвеститорот да почнат одново. Смета дека не може еден инвеститор да добива повеќе видови државна помош, со образложение дека тоа го нема во ниту една држава.

Претходно и дел од експертите реагираа дека со предлог законот за Митилинеос , грчкиот инвеститор ќе се богати, а државата ќе трпи огромни штети. Ќе се купува струја која нема да ни биде потребна и тоа по повисоки цени. Од владата пак тврдат дека стратешките инвестиции ќе и помогнат на енергетиката.

-Дури и да не ја преземеме  струјата ќе треба да ја платиме каде го има тоа да платиш производ кој не ти е испорачан мора да ја купиме целата топлина и струја , изјави во ТОП ТЕМА, Универзитетскиот професор Атанаско Туневски.

 

-Само кај тие со јасна визија за државата.  Во увозно зависна земја, каде 30 отсто од енергетскиот биланс ви недостасува,  професорот  тврди дека нема каде да се носи струјата, изјави во ТОП ТЕМА, вицепремиерот Фатмир Битиќи

 

Вкупно се четири предлог- закони за стратешки инвеститори кои треба да градат централи на повеќе места низ државата, но за тоа ќе добијат низа поволности кои тешко може да ги ужива домашниот бизнис.  Тука влегува дирекна  државна помош, загарантиран откуп на производството, ослободување од одредени давачки кон државата и сегашни и идни, добиваат дури и  заштита при судски одлуки кои не се во интерес на инвеститорот и заштита при граѓански немири кои може да го попречат работењето, но и  уште многу други.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе