Вести Економија Македонија

Владата одлучува дали ќе се повлече предлог законот за грчки Митилинеос кој треба да гради централа во Железара

Владата одлучува дали ќе се повлече предлог законот за Митилинеос кој треба да ја гради новата когенеративна централа во Железара која ќе произведува и струја и топлинска енергија.

Разговорите за оваа точка почнаа уште минатата владина седница, но се одлучи да продолжат оваа. Министерот за економија рече дека ќе бара  повлекување на предлог законот, а преговорите со инвеститорот да почнат од почеток. Според, неговото образложение не може еден инвеститор да добива повеќе видови помош од државата, затоа што тоа го нема во ниту една држава.

Вицепремиерот Битиќи пак се изјасни дека  не гледа ништо спорно во предлог законот за овој инвеститор но дека на маса ќе бидат ставени сите аргументи. Но, се уште нема официјална информација што е одлучено за овој предлог закон.

Овој инвеститор освен што ќе добие државна помош од околу 50 милион евра и загарантиран откуп на производството, интересно е и тоа што во документот пишува дека ќе добие и еден вид заштита.  Во еден од членовите стои дека инвеститорот за кои има најмногу реакции во јавноста ќе добие и заштита од граѓански немири.

„Во случај Стратешкиот инвеститор да биде попречен од било какви граѓански немири, нарушувања или непослушност, во рамки на своите законски надлежности Владата преку своите Јавни органи ќе му обезбеди поддршка и помош на Стратешкиот инвеститор доколку Стратешкиот инвеститор тоа го побара на разумен начин“,пишува во документот.

Договорот за Митилинеос предвидува и заштитата на инвеститорот и од евентуална судска процедура која не би била во нивна корист.

„Во случај на одлука на суд или друго надлежно тело која ја намалува површината на на земјиштето планирано за спроведување на Стратешкиот инвестиционен проект или го ограничува правото на Стратешкиот инвеститор на употреба на таквото земјиште во согласност со целите утврдени  во овој Договор и Урбанистичкиот план, Стратешкиот инвеститор има правно на намалување на закупнината согласно намалената површина на конкретното земјиште и има право на надомест на штета , поради ограничувањето на правото на употреба на предметното земјиште како последица на судска или друг вид на постапка, пишува во документот.

За Митилинеос реагираа и дел од експертите со образложение дека државата ќе претрпи големи штети, а грчкиот инвеститор ќе се богати.  Предлог -законите се во собраниска процедура и според информациите неделава треба да бидат ставени на комисиска расправа.

Со нив предвидено е да се градат неколку централи во земјава, но инвеститорите ќе добијат низа поволности кои домашниот бизнис тешко може да ги ужива.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе