Кошарка Спорт

Кошаркарите од денеска на подготовки: Целта е победа против Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација денеска почнува со тренинзи во пресрет на првите два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2025 година. Во петок во салата „Кале“ во Скопје ја пречекуваме Естонија, а во второто коло гостуваме кај Полска.

Селекторот Александар Јончевски нема премногу време да работи со своите избраници, но тимот е доволно воигран од претходно. Во националниот тим се врати Дамјан Стојановски, но сега неизвесен за настап е неговиот брат Војдан, кој заработи повреда за време на финалето на Купот против Пелистер. Во конечниот список на Јончевски за евроквалификациите се најдоа уште тројца играчи на МЗТ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Марин Петков.

Потоа тука се и Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Амар Хот од Пелистер. Од редовите на Работнички повик добија Стојан Ѓуровски и Виктор Ефремовски. Од интернационалците на тимот му се приклучуваат нашиот најдобар играч Ненад Димитријевиќ, потоа Адем Мекиќ, Лејсон Зеќири и се очекува деби на Американецот, Итан Хап.

Кошаркарот на шпанска Гран Канарија игра на центарската позиција и ќе го замени Ти Џеј Шортс, кој остави фантастичен впечаток во претквалификациите. Стручниот штаб процени дека на овие натпревари повеќе ни е потребен центар отколку плејмејкер.

Естонија е можеби клучниот натпревар за нас, бидејќи во нашата квалификациска група треба да бидеме подобри само од една репрезентација за да обезбедиме пласман на Евробаскетот следната година. Натпреварот во „Кале“ се игра во петок од 19 часот, а три дена подоцна ќе и гостуваме на Полска.

По овој февруарски квалификациски прозорец, натпреварите ги продолжуваме во ноември со двомеч против Литванија, а битката за пласман на Евробаскетот завршува во февруари 2025 година, кога играме со Естонија на гостински терен и со Полска дома.

Фото: КФСМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе