Спорт Фудбал

Елмас и Лајпциг го пречекуваат големиот Реал Мадрид, Сити со лесна задача во Копенхаген

Вечерва почнува нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони. Актуелниот бранител на трофејот Манчестер сити има навидум лесна задача против Копенхаген, додека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со својот нов клуб Лајпциг го пречекува најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Двата можеби најголеми фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампиони оваа сезона денеска го отвораат осминафиналето. За дуелот помеѓу Копенхаген и Манчестер сити не треба да се биде експерт да се каже дека премиерлигашот е апсолутен фаворит. Бранителот на трофејот доби лесна задача во оваа фаза, но квалитетот секогаш се докажува на терен.

Менаџерот Пеп Гвардиола конечно на располагање ги има Кевин де Бројне и Ерлинг Халанд, кои на изминатите неколку натпревари откако се вратија од повреди покажаа колку се важни за Сити. Англичаните можат да ја завршат работата уште вечерва на гостински терен, па да имаат полесен реванш на „Етихад“ во Манчестер.

Фудбалски гледано, вечерва далеку поинтересен ќе биде дуелот помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид. Елиф Елмас ќе има шанса повторно да игра против „кралевите“ како и во групната фаза, кога беше член на Наполи. Бундеслигашот не игра во добра форма во домашното првенство, но ќе сака да го изненади 14-кратниот европски првак како во групната фаза лани кога славеше со 3-2 на домашен терен, а во Мадрид загуби со 2-0. Карло Анчелоти за овој дуел нема да може да смета на најдобриот иргач сезонава Џад Белингам, кој  се повреди изминатиот викенд и ќе биде надвор од терените 2-3 недели. Во одбраната ќе ги нема и Едер Милитао, Давид Алаба и Антонио Ридигер.

Не се очекува ниту на овој натпревар Елма да биде во првиот тим на Марко Розе, но можеби ќе добие минутажа од клупата.

Двата натпревари се играат вечерва со почеток од 21 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе