Вести Економија

Инженерите бараат од пратениците да не подржуваат штетни закони кои ќе го нарушат енергетскиот суверенитет на Македонија

Дел од инженерите во земјава со писмо до пратениците. Бараат да не се даде поддршка за некои штетни закони со кои ако поминат во Собранието ќе се наруши енергетскиот суверенитет на земјава.

Писмото е пратено до секој пратеник поединечно. Со предлог законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект „Милитинеос“, односно нова когенеративна централа во Скопје ако се дозволи да помине, грчкиот инвеститор ќе добие државна помош од 50  милиони евра, гарантиран откуп на струја без процес на јавна набавка. Поради тоа земјава ќе губи годишно од 15 до 35 милиони евра затоа што ќе бидеме обврзани струјата да ја купуваме од „Милитинеос“ со цени кои би биле  значително повисоки од берзанските. Во дописот стои и дека, земјава ќе плаќа и 10 пати повисоки маржи од нормалните за производство на струја и топлина. Исто така се наведува и дека предвидени се и бројни пенали што земјава ќе мора да му ги плаќа на Милитинеос ако не исполни некоја од своите обврски.

Во писмото се наведува дека штетите се огромни а некои од нив ќе бидат долгорочни. Но  „Милитинеос“ не е единствениот стратешки проект .

Тука е и „Греен ТЕК“, „Солар пар Стипин“ кои ќе градат централа на подрачјето Свети Николе – Штип, а последниот е централата која е предвидено да се реализира во Пехчево.

Сите овие стратешки инвеститори се со низа поволности.  Загарантиран откуп на цена,  без тендер, без избор на најниска цена, земја за малку пари, и можност за ослободување од низа давачки кон државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе