Вести Економија

Работниците во јавниот сектор ќе продолжат да земаат минимална плата, во март нема да добијат усогласување со минималецот

Законот нема ништо европско, го поттикнува непотизмот и примитивизмот. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) излегоа на протест пред Собранието. Бараат веднаш да се повлече законот за административни службеници. Обвинуваат дека дел од пратениците се обидуваат без јавна дебата и на шверцерски начин да го донесат овој закон со кои голем дел од работниците во јавниот сектор ќе продолжат да земаат минимална плата, а усогласувањето со минималецот во март нема да го добијат.

„Во март нема да добијат ништо, дел од  вработените во јавниот сектор ќе продолжат да добиваат минимална плата. Овој закон е важен, затоа што не може да имаме службеници со минимална плата, а да бараме од нив професионализам“, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Пред Собранието излегоа и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за како што велат да им дадат поддршка. Тврдат дека со законот се манипулирало.

„Пред четири месеци министерот рече дека ќе го пушти законот во влада четири месеци поминаа но таа верзија никогаш не го виде светлото на денот а потоа една нова верзија се појави пред оставката на Ковачевски и распуштање на Владата каде експресно поминал на Влада и тогаш ние го видовме како документ“, рече Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Ралповски вели уште при потпишувањето на општиот Колективен договор предупредил дека може да се случи вакво нешто. Договорот синдикатите и претставници од Владата го потпишаа во јули лани. И тие се сомневаат дека се изиграни.

„Во преговорите може да се каже дека сме изиграни до некој процент. Во преговорите се велеше минимална плата до крај на 2024 година, плус трошоци за живот во септември. Владата кажа не се договоривме, така што е лага“, изјави Трпе Деановски од ССМ.

Во јули Владата и синдикатите се договорија за зголемување на платите за 10 отсто од септември лани плус за регрес за годишен одмор. Исто така договорија и новата методологија за пресметка на плати според просечната, како кај функционерите, да биде од март 2025 година.

Но, сега со новото законско решение, тие нема да го добијат усогласувањето со минималната плата напролет.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе