Вести Економија Македонија

Бизнисот влегува во нови избори, со стари барања до новата Влада

По енергетската и Ковид криза, пред бизнисот сега следува изборна година. Дали и колку ќе изгуби економија поради процесот, првиот човек на најголемата комора во земјава Азески вели дека точно не може да се пресмета, но оптимист е дека овој пат штетата ќе биде мала затоа што за овие избори се знае од претходно. Очекува да поминат во најдобар ред, без инциденти со кратки кампањи.

-Не можеме да ја измериме загубата заради намалени активности, но не очекуваме чуда од државата така што оваа ситуација е предвидена и ќе биде со најмали штети, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески

Азески повторно ги наброја приоритетите за кои бизнисот со години зборува. Тука е борбата против корупцијата и сивата економија, гасификацијата, кредитна поддршка за извозните фирми и многу други.  Вчера имал средба и со поранешниот премиер Ковачевски.  Зошто овие барања не ги исполниле конкретно не разговарале, но најави дека за нив бизнисот овој пат ќе се бори по жестоко.

-Ние се поздравивме со човекот со кој работевме две години и нашите ставови со таа влада беа јасно изразени беа критички настроени во делот на ингеренциите кои што во најголем дел наместо да се движат во регулативата се движеа во чепкање во џебот на бизнисот, додава Азески

За подобрување на образовниот процес, ќе бараат да се извојуваат по 5 отсто од буџетот за образованието, но и да се направи ревизија на сите високообразовни институции. Сето ова ќе биде образложено и пред новата Влада која би требало да се формира до крајот на јуни.

Изминатиот период бизнисот реагираше на некој новини  кои беа донесени како недела неработен ден, даночната реформа, на честото менување на законите. Неколку пати беше потенцирано политичарите да ги тргнат рацете од стопанството, а надлежните да создадат услови за тоа да може да работи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе