Вести Економија Македонија Најважни

Лани продаден стан за рекордни 2.200 евра за квадрат, становите нема да поевтинат

Становите нема да поевтинат. Вакви се очекувањата на оние кои се дел од бизнисот со недвижности. Од огласите може да се види дека цената на стан од околу 40 метри квадратни достигнува и до 80.000 евра. Гарсоњера, пак, од околу 30 квадрати се продаваат и за 50.000 евра, па и над оваа сума. Рекордната цена за метар квадратен по која агенција лани продале стан била 2.200 евра. Од Агенциите не очекуваат дека ќе има намалување, можна е само стабилизација  одреден период.

Не мислам дека 3.000 евра за квадрат дека ќе се случи кај нас, сега е пикот и сега како што може да се забележи трендот на стангација ќе продлжи и понатаму не сме експертит економски но очекувам стагнацијата да се задржи, Лилјана Ковачева, Асоцијација на агенции за недвижен имот.

И покрај ваквите цени,  тврдат дека луѓето купуваат, особено оние кои имаат некоја заштета. Ниту во агенциите не почувствувале намалување на обемот на работа. Токму ова го наведуваат како една од причините, зошто цените на пазарот се такви.

Побарувачка постои, моето мислење е дека токму тоа го одржува пазарот. Се уште и мое лично мислење е дека инвестицијата во недвижен имот кај нас е најдобра  и токму ваквите размислувања го прават таков пазарот, Билјана Василевска Агент за недвижности

Поскапувањето генерално се случи со војната во Украина, велат познавачите, кога значително се зголемија цените на градежните материјали. Од Агенциите тврдат дека ова што се случува кај нас е состојба и во регионот. Паралелно со квадратот пораснаа и кириите. Од агенциите велат дека речиси и да нема стан за изнајмување со цена под 250 евра.

Околу Центар квадратот и кириите се највисоки. Најчесто за купување се бараат во Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, но и во Хром и Влае. Најбарани се оние од 50 и 70 метри квадратни, но и гарсоњерите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе