Вести Македонија Топ вести

Ѓорѓе Давид се врати во Србија – последен пат во Кумановскиот суд се јавил во петокот

По сообраќајната несреќа во која српскиот пејач Ѓорге Давид усмрти 49-годишна Кумановка, се врати во Белград и како што јавија српските медиуми, тој најави дека ќе одржи прес-конференција на која ќе информира што се случило и како дошло до несреќата.

Според информации на Телма српскиот музичар последен пат во кумановскиот суд се јавил во петокот. Судија донел одлука Ѓорѓе Давид да се јави само еднаш месечно во Кумановскиот суд

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките, велат од ОЈО.

Претходно, обвинителството му определи мерки,привремено одземање на патните исправи  како и обврска да се јавува во Судот.

Пред несреќата српскиот музичар се вклучил во живо на социјалните мрежи.

Извори на Телма велат дека српскиот пејач е гневен и лут на целата ситуација, а изјави за медиуми нема да дава се додека не се реши случајот.

Несреќата се случи пред една недела. 49-годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди кога се судриле две возила меѓу кое и возилото на кумановката.Таа излегла од својот автомобил, а по автопатот наишло возилото на Ѓорѓе Давид кое удрило во жената.

Веднаш по несреќата дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место, собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе