Вести Економија Македонија

ЕСМ ќе потроши милиони за набавка на струја, РЕК Битола сè уште чека дозвола да вклучи уште еден блок

ЕСМ на големо набавува струја за да ги покрие домашните потреби. Најголемиот производител РЕК Битола веќе извесен период работи со само еден блок. Па така државните електрани се принудени да ја обезбедат струја од други трговци со електрична енергија. Од  извештаите до кој дојде ТЕЛМА може да се види дека за периодот од 22 до 31 јануари се бараат  над 40 илјади мегават часови електрична енергија. Имињата на фирмите од кои се  обезбедува се веќе познати во јавноста.

Тука се Гени, Футуре, Соле 24, но и други. Цените за бараните  количини  се движат од 81 евро, па се до 93 евра за мегават час. По документите може да се види дека  ЕСМ за набавките за само неколку дена до крајот на месецов  би требало да плати неколку милиони евра.

Овие набавки се за овој период , но нема информации дали имало претходно и други, со оглед на тоа што на страната на ЕСМ извештаите за набавките на струја ги нема.

Пред неколку дена Телма испрати и прашања до компанијата, за колку е зголемена потрошувачката на струја поради тоа што драстично паднаа температурите под нулата,  дали се прават набавки, за кои период се и колку чинат, но одговорот од таму на овие прашања  од ЕСМ беше само дека набавките на ЕСМ се одвивале согласно планот за производство и набавка на струја за 2023 и 2024 година.

РЕК Битола пак се уште чека да добиел зелено светло од МЕПСО да може да го вклучи и првиот блок. Во моментов комбинатот работи само со вториот. Од преносниот систем МЕПСО пак преку соопштение се изјаснија дека прво треба да се решат проблемите со далноводот кој е во сопственост на ЕСМ,  но од државните електрани потоа негираа дека кај нив има проблем. Прашањето во чија сопственост е проблематичниот далновод остана да виси, дали тој е на Мепсо или ЕСМ, но она што се знае е дека екипи од двете компании работеле за да се реши проблемот и да се вклучи блокот, а тоа не влијаело  во снабдувањето на домаќинствата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе