Вести Економија Македонија

Битиќи: Субвенцијата за струја е 84 отсто, а не 91 како што пишува во сметки, Владата ја намали поддршката

Владата ја намали поддршката за електрична енергија. Цената на струјата е субвенционирана со 84 отсто, а не со 91 процент како што сега пишува во фактурите, вели вицепремиерот Битиќи. Тврди дека ЕВН треба да направи корекција и во самите сметки, а домаќинствата да имаат јасна слика за тоа колку точно изнесува поддршката.

Треба да се смени процентот за да им се укаже на граѓаните колку е реално субвенционирана. Таа што беше 91, велам треба да е 84. Разликата е 7 отсто затоа што производната цена на електричната енергија од ЕСМ е намалена наспроти тоа што било претходно“, пресметките таму во табелата доле за илустрација треба некој во евн да седне да ја направи јас ако не знаат еве јас ќе го направам вели вицепремиерот Фатмир Битиќи

Ваквиот потег доаѓа како резултата на тоа што цените на берзите се стабилизирани, а трошоците на ЕСМ да обезбеди струја намалени. Но, дополнително на кратењето влијае и воведувањето на дневната евтина тарифа, од два часа во декември лани.

Апсолутно ќе влијае затоа што таа потрошувачка од скапа се префрла во евтина тарифа и таму цената е далеку пониска од блоковите од скапа тарифа, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски

Од ЕВН за Телма соопштија дека од Владата скоро ги добиле новите пресметки за субвенциите и тие ќе бидат вметнати во полето во фактурите обезбедено за поддршката од државата.

Овие пари владата ги префрла од државниот буџет кој го полнат граѓаните и фирмите, а кој одат директно во ЕСМ, но се нарекуваат субвенции. Од друга страна со стартот на грејната сезона во фактурите за парно може да се забележи дека владината поддршка повеќе не ја пишува. Но, во одговор за Телма од ЕСМ соопштуваат дека и оваа сезона ќе има субвенции, калкулациите се прават.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе