Вести Економија

Загубата во ЕСМ од над 6 милиони евра е поради граѓаните и малите потрошувачи ?!

Премиерот Ковачевски денеска  се обиде  да објасни зошто  најголемиот производител на струја ЕСМ, во летните месеци, односно во јули август и септември успеал да направат загуба од над 6 милиони евра. Според, Ковачевски електрани се во минус заради граѓаните.

За тие да не добиваат високи сметки за електрична енергија, ЕСМ струја за нив ја продаваат поевтино од пазарната. Тоа било причина за тие да влезат во една ваква загуба.

-Aко ЕСМ продаваше струја по пазарна цена, тогаш ќе имаше добивка од 220 милиони евра, но немаше граѓаните да можат да ги платат сметките за електрична енергија затоа што ќе беа 90 проценти поскапи, вели премиерот Димитар Ковачевски.

За да можат да испорачуваат поевтина струја и да бидат ликвидни, државните електрани извесен период добиваа пари од буџетот кој го полнат и граѓаните и фирмите. Иако, средствата се префрлаа токму кај компанијата, премиерот тврди дека тоа било субвенција за домаќинствата за да не добиваат виски сметки.

Но, не прецизираше дали се уште ЕСМ ги добива овие пари или остана без нив, па поради тоа има ваква загуба

За субвенциите, но и за минусот во кој е влезена компанијата вчера ги прашавме и во ЕСМ, но одговор од таму не добивме.

Според,  последниот извештај на Министерството за финансии државните ЕСМ е  со најголема загуби во третиот квартал лани од останатите јавни претпријатија и акционерски друштва.

Претходните два квартала оваа компанија работела позитивно, но потоа работата тргнала на лошо.

Во изминатиот период електрани беа интересни за јавноста по тоа што на неколку страни во весниците објавија огласи за вработување на над 500 лица. Од компанијата тогаш објаснија дека тоа се прави затоа што за период од неколку години многумина си заминале.

ЕСМ, сега има повторно нови огласи. Овој пат се бараат тројца експерти како поддршка на раководството на компанијата за одредени енергетски проекти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе