Спорт Тенис

Ѓорческа против полска тенисерка во квалификациите за Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна својата ривалка во рамки на првото квалификациско коло на Австралија опен. Мечот е закажан за вторник рано наутро.

Противничка на Ѓорческа ќе биде полската тенисерка Катарзина Кава. Таа се наоѓа на 197.место на ВТА ранг-листата и има 31 година. Македонката моментално се наоѓа на 212.место, но зад себе имаше одлична 2023 година. Токму резултатите од изминатата сезона и овозможија настап во квалификациите за Австралија опен.

Нејзината цел во 2024 година ќе биде да настапи на сите четири грен слем турнири. Ѓорческа беше најблизу да настапи во главната ждрепка на Австралија опен во 2017 година, кога стигна до третото квалификациско коло и загуби во три сета на последната пречка. Истата година играше и во квалифиакциите за Ролан Гарос и Вимблдон, каде испаѓаше во првата рунда, а на Ју-Ес Опен во 2018 година стигна до второто квалификациско коло.

Дуелот помеѓу Ѓорческа и Кава во рамки на првата рунда е закажан за во вторник рано наутро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе