Вести Економија Македонија Топ вести

РКЕ на подготвителна седница за новата цена на струја

РКЕ денеска ќе има подготвителна седница на која ќе се разговара по предлог одлуките со кои се предвидува поскапување на услугите на МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, дознава Телма.

Според предлозите се бара услугата на Мепсо да поскапи за 13, 68 проценти, на Електродистрибуција за 13, 37 отсто, а на МЕМО за речиси 36 отсто, иако мора да се напомене дека учеството во крајната цена на електричната енергија за домаќинствата, на МЕМО е незначително.

Потоа заклучоците ќе бидат доставени до ЕВН ХОУМ, која на крајот откако ќе ги собере сите документи ќе ја соопшти новата цена, но претходно одлуката треба да помине на контрола кај регулаторите.

Од друга страна пак според информациите во сметките за струја на домаќинствата и малите потрошувачи ќе се намали мрежарината, но, за сметка на тоа се воведува нова ставка – Пристап до мрежа која ќе биде на товар на оние со празни викендички, куќи, станови.

ЕСМ веќе одлучи, по Нова Година на ЕВН ХОУМ да ја продава својата струја по цена од 57 евра за мегават час или за 7, 5 % поскапо од претходно.

Сите овие параметри влегуваат во крајната цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат граѓанитеодпрви јануари, но таа најмногу зависи од цената на ЕСМ, но и од маржата на Универзалниот снабдувач.

Нова цена на струја: Нешто ќе се крати, но на друга страна се зголемува

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе