Вести Економија Топ вести

Нова цена на струја: Нешто ќе се крати, но на друга страна се зголемува

Според предлозите на РКЕ се зголемува цената на услугата на МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, дознава Телма. Се прават последните пресметки околу новата цената на струјата.

Според предлог одлуките на Регулаторна комисија, услугата на преносниот систем Мепсо поскапува за 13, 68 проценти, на Електродистрибуција за 13, 37 отсто, а на МЕМО за речиси 36 отсто, но учеството во крајната цена на електричната енергија за домаќинствата, на овој оператор е незначително.

МЕПСО – 13, 68 проценти

Електродистрибуција – 13, 37 проценти

МЕМО – 35,9 проценти

Сепак, барањата на енергетските компании беа со многу повисоки проценти.

Утре во РКЕ ќе има и подготвителна седница на која ќе се разговара околу овие одлуки на цени. А потоа истите ќе ги достават до ЕВН ХОУМ, која на крајот откако ќе ги собере сите документи ќе ја соопшти новата цена, но претходно одлуката треба да помине на контрола кај регулаторите.

Од друга страна пак според информациите во сметките за струја на домаќинствата и малите потрошувачи ќе се намали мрежарината. На оваа ставка претходно доста граѓани реагираа со образложение дека за тоа плаќаат повеќе  отколку за потрошената енергија. Но, се издвојува нова ставка – Пристап до мрежа која ќе биде на товар на оние со празни викендички, куќи, станови.  Со цената за пристапот на некој начин ќе се порамни поевтинувањето на мрежарината.

ЕСМ веќе одлучи, по Нова Година на ЕВН ХОУМ да ја продава својата струја по цена од 57 евра за мегават час или за 7, 5 % поскапо од претходно. Сите овие параметри влегуваат во крајната цена на електричната енергија. Пресметките се при крај, но каква цена  ќе плаќаат граѓаните, најмногу зависи од цената на ЕСМ, но и од маржата на Универзалниот снабдувач.

Паралелно ќе се одлучува и кој ќе биде нов снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи од јуни догодина.  До 12 јануари сите заинтересирани треба да ги достават  потребните документите.  Дали ќе остане ЕВН ХОУМ или ќе биде некој друг, ќе зависи од тоа кој ќе понуди најниска маржа која сега изнесува 11 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе