Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер раскина со Нилсен по само шест месеци

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер почна со реконструкцијата во тимот за втората полусезона. По заминувањето на средниот бек Вислон Дејвис, денеска битолчани предвреме го прекинаа договорот и со Андреас Јохан Нилсен.

Еурофарм Пелистер во првиот дел од сезоната не ги оствари очекуваните резултати. Во Лигата на шампиони има десет порази од исто толку натпревари, а во домашното првенство заврши на 2.место во групата зад Вардар и во плејофот ќе пренесе два бода.

Челниците на клубот почнаа со реконструкција на составот, па по раскинот со Дејвис, денеска ја прекинаа соработката и со пикерот Нилсен. Данецот изминатото лето пристигна во Битола, но не ги оправда очекувањата и беше трет избор во тимот зад капитенот Жарко Пешевски и Денис Васиљев.

Според шпекулациите, ќе има уште неколку заминувања од таборот на Пелистер, а се очекува да пристигнат и нови играчи. Клубот треба да го реши и прашањето околу тренерот, односно дали Бранислав Ангеловски ќе ја добие довербата да го води тимот до крајот на сезоната или ќе дојде нов тренер. За потсетување сезоната ја започна Александар Јовиќ, но беше сменет од клупата поради слабите резултати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда

Desk

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе