Ракомет Спорт

Вечното ракометно дерби уште на почетокот од разигрувањето

Попладнево во просториите на Ракометната федерација на Македонија со жрепка беа одредени натпреварувачките двојки за продолжението од сезоната во машкиот шампионат.

Уште на самиот почеток од решавачкиот дел на првенството за освојување на титулата ќе се соочат вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар, а во првото коло актуелниот вицепрвак Алкалоид за противник ќе го има Пролет.

Во останатите две средби се среќаваат Бутел Скопје – Охрид и Тиквеш – Струга.

Во делот од разигрувањето за титулата Вардар и Алкалоид како најуспешни во Супер лигата влегуваат со три бода, Еурофарм Пелистер и Охрид имаат по два, а со еден бод почнуваат Тиквеш и Бутел Скопје додека без бодови стартуваат Струга и Пролет.

Според календарот разигрувањето за титулата почнува во вториот викенд од февруари, а термините ќе бидат дополнително утврдени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе